Шумахер повторно ќе се пензионира

Седумкратниот шампион на Формула 1 Михаил Шумахер потврди дека ќе се пенизионира по завршувањето на сезоната и дека ова ќе му биде последно пензионирање. 43- годишниот Германец ова го соопшти на неговата веб страна, пишувајќи дека е „време да се каже збогум“.
Toj во соопштението пред престојната трка во Јапонија, ги негира шпекулациите дека ќе бара друг тим по Мерцедес. Во соопштението е наведено дека Шумахер нема да го обнови својот договор со тимот за следната сезона.
Шумахер го држи рекордот со освоени 7 шампионски титули и 91 гран-при победи. Тој првично се пензионираше во 2006- тата година во тимот на Ферари ,но во 2010 година се врати на тркачката писта во тимот на Мерцедес.