Нови политички препукувања за меѓуетничките односи

СДСМ обвини дека власта се однесува несериозно и не презема мерки за да се превенираат меѓуетнички тепачки меѓу учениците. Потпретседателот на партијата Гордан Георгиев денеска ги повика коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ „да не ги разгоруваат меѓуетничките односи, злоупотребувајќи ги децата“. На ова следуваше реакција од владеачката ВМРО-ДПМНЕ која оцени дека новата задача на Георгиев е креирање на меѓуетничка тензија. Во нивното соопштение е наведено дека СДСМ прво треба да се одлучи дали постојат реални предизвици во меѓуетничките односи или станува збор за фингирана криза.