Филе - Загрижен поради инцидентот во Солун

На веста за наводното убиство на студент Македонец во Солун реагира и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

На веста за наводното убиство на студент Македонец во Солун реагира и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. На својот Твитер профил, тој постирал линк до веста од Македонската меѓународна новинска агенција (МИНА), што објавува вести на англиски јазик. До веста, Филе искоментирал:

„Загрижен поради инцидентот во Солун. Воздржаноста и смиреноста мора да надвладеат да не се затрујат односите. Одговорот е во целосна истрага.“