Николиќ - Ештон ќе биде претставник на ЕУ во дијалогот

Претседателот на Србија Томислав Николиќ во обраќањето пред ГС на ОН.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави дека веднаш по неговото враќање од Њујорк српската страна ќе почне да работи на платформата за преговори со Приштина. Тој рече дека високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон ќе ја претставува Унијата во тој дијалог.
Николиќ вели дека Ештон му пренела дека ЕУ нема да инсистира на признавањето на независноста на Косово. Николиќ вели дека Србија треба да одреди шеф на преговарачкиот тим на највисоко политичко ниво, дали тоа да биде премиерот или некој министер. Тој вели дека не бега од одговорноста и самиот да биде шеф на преговарачкиот тим, но мисли дека тоа не е во ред.