Груевски најави решавање на проблемот со враќање на ДДВ

Премиерот Никола Груевски.

До февруари 2013-та година ќе биде исплатен целокупниот долг кој државата го има кон стопанството, соопшти премиерот Никола Груевски, обраќајки се пред бизнис заедницата. Toj рече дека до крајот на оваа година ќе биде исплатена половината од заостанатиот долг, а до февруари идната година комплетно ќе биде исплатен целиот долг.

„Средствата за ова ветување веќе се обезбедени“, рече Груевски.

Според него оваа одлука владата не ја донела поради барања на бизнис заедницата туку дека е време е за промена на политиките. Тој вели дека политиката на враќање на ДДВ била нарушувана и порано, но дека тогаш не била дел од критиките кон владата.

„Проблемите започнаа во 2009-та година со разгорувањето на светската економска криза, факт е дека како држава успеавме да ублажиме многу удари. Ликвидноста на буџетот беше погодена, и тоа го чувствувавме сите, па и се почувствува врз повратот на ДДВ“, вели премиерот.