Самостојниот синдикат за здравство на 24.09 ќе протестира 30 минути на пауза

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита при Сојузот на синдикати на Македонија на 24 септември мирно ќе протестира 30 минути за време на паузата за да го изрази незадоволството од имплементација на мерката „плаќање по учинок“, рече на денешната прес-конференција Љубиша Каранфиловски, претседателот на Синдикатот.
Нашиот протест е независно од одлуката на Синдикатот на Клиничкиот центар, појасни Каранфиловски. За 24 септември, односно следниот понеделник, најавен е штрајк на лекарите од Клиничкиот центар во Скопје и други здравствени установи низ Македонија кои бараат укинување на мерката „плаќање по учинок“ и зголемување на платите.