Мрежата Хакани на американската црна листа

Весникот „Њујорк тајмс“ објавува дека администрацијата на Барак Обама решила пакистанската мрежа Хакани да биде ставена на црната листа на терористички организации. Оваа група е обвинета за напади врз американските сили во Авганистан, вклучувајќи го нападот во јуни годинава, во еден хотел во близина на Кабул кога беа убиени 18 луѓе.