Иванов ќе се сретне со Ван Ромпуј

Претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Eвропарламентот Мартин Шулц, Брисел.

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, со што ја завршува тридневната официјална посета на Брисел. Иванов вчера имаше средби со генерлниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.