Злато за Бикова на Параолимпијадата во Лондон

Македонската стрелачка Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон. Таа денеска беше убедливо најдобра во квалификациите, постигнувајќи нов светски и параолимписки рекорд со 381 кругови.
Ова е трета Параолимпијада на која учествува Наковска-Бикова. Пред осум години во Атина беше шеста, на Игрите во Пекинг во 2008 година се пласира на петото место, додека на Параолимписките игри во Лондон таа за прв пат во нејзината кариера стана параолимписки шампион.
Стрелањето со воздушен пиштол е нејзина специјалност и Наковска Бикова уште пред почетокот на Игрите очекуваше успех во оваа дисциплина.