Светски рекорд на Оливера Наковска Бикова во Лондон

Македонската стрелачка Оливера Наковска Бикова денеска постави светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон.Во квалификациските борби на стрелачкиот турнир, таа постигна 381 кругови, што е најдобар резултат во светот. Македонската параолимпијка е на челната позиција пред денешното финале што почнува во 15:15 часот по британско време. Таа на Параолимпијадата во Пекинг го освои петтото место.