Повторно забрана за работа на отворено

Од Министерството за труд и социјалнa работа апелираат да се почитува забраната за вршење на работа на отворено од 11 до 17 часот затоа што земјата повторно ќе биде зафатена со топлотен бран. Утре на целата територија на Македонија се очекува портокалова фаза, оносно температури над 40 степени и високо ниво на УВ зрачење. Министерот Спиро Ристовски вели дека работодавачите треба да ја почитуваат забраната и дека трудовите инспектори ќе бидат на терен и ќе вршат контроли.