Петар Стојчев по единаесетти пат триумфираше на Охридски пливачки маратон

Претседателот Иванов мучестита на Петар Стојчев од Бугарија, победник на 26-от Охридски пливачки маратон.

Петар Стојчев од Бугарија денеска по единаесетти пат победи на меѓународниот Охридски пливачки маратон.
Дваесет и девет од пријавените 30 пливачи точно на пладне запливаа во водите на Охридското Езеро, на стартот на 26-от меѓународен Охридски пливачки маратон.
Маратонците ги испливаа 30-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум низ десет контролни точки до целта кај Охридското пристаниште.
Петар Стојчев беше меѓу фаворитите за победа на денешниот маратон, кој единаесетти пат е освојувач на првото место во Охрид.
Охридскиот пливачки маратон со награден фонд од 25 илјади долари се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов