Клинтон во Турција, на разговори за Сирија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон допатува денеска во посета на Турција, каде што со домаќините ќе разговара за конфликтот во Сирија, откако вчера Вашингтон воведе нови санкции против режимот на Башар Ал Асад и неговите сојузници. Покрај средбите со претседателот Абдула Ѓул, со премиерот Реџеп Таип Ердоган и со министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу, предвидено е Клинтон да оставри средба и со претставници на сиријската опозиција. Разговорите ќе бидат фокусирани врз можностите за дополнителна изолација на сиријскиот режим, начините за помош на бунтовниците, како и потребната помош за Турција за справување со се поголемиот број бегалци од Сирија.
Инаку, Клинтон допатува во Истанбул од Бенин, по маратонската 11 дневна турнеја низ земјите од Африка.