Годишнина од трагедијата кај Карпалак

Споменикот Карпалак во Прилеп

По повод загинувањето на припадниците на Армијата на Република Македонија во конфликтот во 2001 година, делегација на Владата на Република Македонија ќе положи свежо цвеќе на Карпалак. Покрај владината делегација, претставници на Генералштабот на АРМ и партиски делегации ќе положат цвеќе во чест на воените обврзници кои во 2001 година загинаа на тоа место. По истиот повод делегација на Здружената оперативна команда ќе положи цвеќе пред спомен обележјето во касарната "Мирче Ацев" во Прилеп и пред споменикот во село Лениште.