Поп ѕвездата Мадона протестираше за своите руски колешки

Поп ѕвездата Мадона протестираше за време на нејзиниот концерт во Москва за ослободување од затвор на феминистичкита панк група „Pussy Riot.” Тричлената група веќе осми ден се соочува со обвинение за "хулиганство". Владините адвокати изјавија дека нивната изведба на панк молитва во црква во Москва претставувала чин на верска омраза и напад против православните христијани. Обвинетите изјавија дека направиле политички протест во кој повикуваат да заврши улогата на претседателот Владимир Путин во руската политика. На својот концерт пред руската публика Мадона изјави дека се моли за слободата на женската група. На грбот, Мадона покажа текст од песна на групата и изјави:
"Јас сум од Америка, каде што можеме слободно да го изразиме нашето мислење ... дури и ако другите не се согласуваат, дури и ако мојата Влада не се согласува. Тоа е демократија."