Прилеп одбележува 11 години од Карпалак

Споменикот Карпалак во Прилеп..

Во прилепската касарна „Мирче Ацев” денеска почнаа одбележувањето на 11 годишнината од масакрот кај Карпалак, кога на 8 август 2001 година во заседа беа убиени 10 прилепски воени резервисти. Семејствата на загинатите, соборци, претставници од АРМ, од локалната самоуправа и граѓани попладнево ќе го посетат спомен обележјето во прилепската касарна, ќе положат свежи цвеќиња и ќе им оддадат почит на 10- те бранители. Утре делегации ќе заминат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово каде се случи масакрот во 2001 та.
Централното чествување е утре во 12.30 часот пред спомен-комплексот „Карпалак” во центарот на Прилеп.