Обвинителството бара три години затвор за руските панкерки

Во случајот што се води против членките на руската панк група „Pussy Riot“, обвинителството побара тригодишна казна затвор за членките. Според обвинителот, вината на трите жени е докажана и затоа тие треба да бидат казнети за тоа. Трите жени беа уапсени во март по одржувањето на перформанс во московската главна катедрала, во кој тие го осудија владеењето на претседателот Владимир Путин. Тие беа официјално обвинети за хулиганство и навреда на чувствата на православните христијани.
Претходно поп ѕвездата Мадона побара судот да не ги осудува панкерките. За време на концертната турнеја низ Русија таа изјави дека е против цензура и се надева дека судот нема да ги осуди и дека тие наскоро ќе бидат слободни.