По неколку години напорни и прецизни подготовки и фокусирање на сите аспекти од својот живот врз една цел, настап на Олимписките игри, замислете тоа да го преспиете.
Овој кошмар стана реалност за 21 годишниот британски дигач на тегови Џек Оливер.
,,Требаше да се разбудам околу 6 часот, да се истуширам и да имам лесен трененинг пред настапот,, вели Оливер, додавајќи: ,,Но, во 7 часот и 5 минути, а тоа го видов на мојот мобилен, слушнав тропање на вратата и се реков: Јас сум во неволја. Тренерот сигурно ќе биде многу лут.,,
И покрај грубото будење тој успеал за 30 секунди да се облече, да фати автобус за Ексел арената во Лондон и да пристигне навреме. Игнорирајќи го лошиот почеток на денот Оливер го имаше својот најдобар настап пред воодушевената британска публика.
Тој постави нов личен рекорд кревајќи вкупно 310 килограми. ,,Спиењето еден час подолго, ми годеше,, изјави Џек Оливер.