Бан Ки Мун во Македонија

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска ќе разговара во Охрид со претседателот Горѓи Иванов, а потоа заминува во Скопје каде ќе одржи говор во Собранието и ќе се состане со премиерот Никола Груевски. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун синоќа пристигна на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, со што ја започна официјалната посета на Република Македонија каде со највисоките официјални претставници ќе разговара за спорот на Македонија со Грција околу името на државата. Првиот човек на светската организација на охридскиот аеродром го пречекаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски, заедно со посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц, кој исто така вчера допатува во Македонија.Делегацијата и високиот гостин во резиденцијалната вила „Билјана“ беше пречекан од претседателот Ѓорѓе Иванов.Бан денеска изутрина официјално ќе има средба со претседателот Иванов,а потоа посетата ќе ја продолжи во Скопје, каде што ќе се обрати во Парламентот и ќе има средба со премиерот Никола Груевски. Се очекува во разговорите со државниот врв да доминира прашањето за спорот за името, но без нов конретен предлог од медијаторот Нимиц. Според најавите, на средбите со Иванов и Груевски ќе биде отворено и прашањето за грижата за Охрид како светско културно и природно богатство заштитено од телото на ОН - УНЕСКОГенералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун од Скопје ќе допатува во дводневна посета на Босна и Херцеговина со што завршува повеќедневната турнеја на Балканот.