Груевски подготвен за директни средби со грчките власти

Аспектите и можната динамика за надминување на спорот за името со Грција биле тема на денешната средба во Скопје на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц. Од владата соопштуваат дека премиерот Груевски на средбата ја повторил посветеноста и конструктивноста на Македонија за надминување на спорот и подготвеноста за динамичен дијалог.

Груевски изразил надеж дека дека и грчката страна ќе биде конструктивна и дека ќе даде приоритет на ова прашање. Премиерот Груевски изразил и подготвеност за директни средби на највисоко ниво со грчката страна, и му се заблагодарил на Нимиц за досегашни напори за решавање на спорот.
Груевски и Нимиц поладневно имаа неформален ручек во Скопје. Потоа Нимиц отпаува за Охрид каде ќе му се придружи на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој вечер на охридскиот аеродром пристигнува во дводневна официјална посета на Македонија.
Посредникот Нимиц од Скопје на 26 јули заминува за Солун каде што треба да се сретне со грчкиот претставник во разговорите за името Адамантиос Василакис.