Милиони Кинези на интернет го изразуваат гневот кон владата заради несправувањето со поројните дождови во Пекинг во текот на викендот. Од дождовите загинаа 37 луѓе. Денеска 9 милиони Кинези го искажале својот став на кинеската социјална мрежа Сина Веибо. Тие се жалат на застараната атмосферска канализација и недостатокот на официјални предупредувања дека ќе има невреме и поплави. Спротивно на тоа, државните медиуми пак прикажуваат како полицијата помага во спасувањето на луѓе од поплавени автомобили. Официјалните власти велат дека вакви дождови немало во последните 60 години.