Една година од нападите на Брејвик во Норвешка

Андрес Беринг Брејвик

Во Норевешка денеска се одбележува првата годишнина од нападите од страна на Андрес Беринг Брејвик при кои загинаа 77 луѓе. Денот ќе биде одбележан со богослужби, положување цвеќе, комеморативна собири. Брејвик минатата година подметна бомба во близина на зградата на владата во Осло, при што загинаа осум луѓе, а потоа изврши напад на младински камп на владејачката Лабуристичка партија при што загинаа уште 69 луѓе. На комеморативната седници за жртвите во катедралата во Осло ќе присуствуваат премиерот Јенс Столтенберг и норвешкиот крал и кралица.