Камерон -Авганистан и Пакистан мора да се здружат

Пакистанскиот премиер Раџа Первез Ашраф, претседателот на Авганистан Хамир Карзаи и британскиот премиер Дејвид Камерон.

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги повика Пакистан и Авганистан заедно да се борат против бунтовниците во регионот на границата меѓу двете земји. Камерон изјави дека терористите се обидуваат да ги подријат нивните односи и затоа Авганистан и Пакистан треба да работат заедно. Камерон и претседателот на Авганистан Хамир Карзаи денеска за првпат се сретнаа со новиот пакистански премиер Раџа Первез Ашраф. На средбата било разговарано за напорите на Авганистан во справувањето со Талибанците и дека Исламабад треба да им помогне за да успеат. Британија, САД и Авганистан долго време го критуваат Пакистан дека не прави доволно за да ги спречи прекуграничните напади.