ОН го осудија убиството на покраински шеф за женски работи во Авганистан

Логото на ОН

ОН го осудија нападот врз регионалниот шеф за женски работи во Авганистан. Хани Сафи загина вчера во покраината Лагман во експлозија на бомба која била поставена на нејзиниот автомобил. Талибанците негираа дека биле вмешани во нападот и покрај тоа што властите во Кабул ја обвинија групата.
Сафи е вториот покраински шеф за женски работи врз кој е извршен антентат, откако е формирана функцијата пред една деценија во сите 34 покраини во земјата во надлежност на Министерството за женски работи.