Четворица загинати во Авганистан

Четворица цивили загинале откако непознат напаѓач активирал експлозивна направа. Мета на експлозијата бил конвој на НАТО во градот Кост во источниот дел на Авганистан. Портпарол на министерството за внатрешни работи рече дека уште шестмина биле повредени во инцидентот. Медиумите, повикувајки се на болнички извори, јавуваат дека 11 лица се повредени во нападот. Од НАТО потврдуваат дека се случил инцидент но немаат дополнителни детали.