На изборите во Грција победи Нова демократија

Андонис Самарас

Според резултатите, конзервативната Нова демократија доби 29,5 насто од гласовите, Сириза 27 проценти, додека ПАСОК 12,3 насто.
Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас оцени дека изборите покажале оти Грците сакаат да останат во еврозоната.
Ова е победа за цела Европа. Ги повикувам сите политички партии кои ги делат овие цели да ги здружиме силите и да формираме стабилна влада.
Андонис Самарас, лидер на Нова демократија.

„Ова е победа за цела Европа. Ги повикувам сите политички партии кои ги делат овие цели да ги здружиме силите и да формираме стабилна влада.“

Самарас изрази уверување дека жртвите што треба да ги поднесат Грците ќе донесат напредок и оти тоа ќе биде постигнато со заеднички напори со партнерите во Европа.

Според неофицијалните резултати, Нова демократија би требало да има околу 130 места од 300 места во парламентот. Сириза би добила 71, додека ПАСОК 33 пратенички места. Националистичката Златна зора доби околу 6,9 проценти или 18 мандати.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас изјви дека неговата партија останува во опозиција и оти продолжува да се противи на мерките за штедење кои беа договорени при одобрувањето на спасувачкиот пакет од 130 милијради евра.

Официјални претставници во Брисел и во Вашингтон изразија надеж дека наскоро ќе биде формирана грчка влада, додека германскиот канцелар Ангела Меркел му честиташе на Андонис Самарас со увереност дека Атина ќе се придржува кон претходните обврски.