Косово го доби водичот за визна либерализација

Еврокомесарот на Европската Унија за внатрешни работи Сесилија Малстром во Брисел им го предаде водичот за визна либерализација на претставниците на косовските власти. Документот претставува сеопфатен список на реформи кои Косово мора да ги спроведе а кои се однесуваат на слободата на движење, враќање и реинтеграција, безбедност на документи, управување со границите и миграцијата, борбата против организираниот криминал и корупцијата и на елементарните права. Како што е соопштено од Европската комисија, исходот на дијалогот за визите ќе зависи од напредокот на Косовската влада и исполнувањето на овие услови.