Судири меѓу полицијата и фудбалски хулигани

Најмалку 10 лица биле повредени во судирите во Варшава меѓу припадници на полската полиција и група фудбалски хулигани од Полска и Русија пред почетокот на натпреварот од Европското фудбалско првенство меѓу селекциите на двете земји. Полициајците употребиле гумени кршуми и солзавец при справувањето со хулиганите, кои фрлале со шишиња и камења кон припадниците на полициските сили. При полициската акција биле приведени над сто учесници во немирите. Мечот меѓу Полска и Русија заврши нерешено 1:1.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тепачка меѓу руски и полски навивачи во Варшава