Пакистан не се согласува со критиките од САД

Пакистан ги отфрли американските забелешки дека Исламабад одбивал да стори повеќе за елиминирање на упориштата на бунтовниците во таа земја. Американскиот секретар за одбрана Леон Панета деновиве го предупреди Пакистан дека Соединетите држави губат трпение од тоа што Исламбад не прави доволно за елиминирање на таквите зони во Северен Вазиристан за припадниците на Хакани мрежата која е дел од Ал Каеда. Во меѓувреме, агенциите јавија дека во денешен напад на бунтовниците во Пакистан загинале четворица полицајци.