Тројца загинати во експлозија во Србија

илустрација

Најмалку три лица загинале а осуммина се повредени во експлозија на бомба во банатското место Идвор, јави РТС. Експлозијата се случила околу 2 часот кога за сега непознато лице фрлило бомба кон гости во кафе-бар. Повредените се хоспитализирани во Зрењанин и Панчево. Напаѓачот е меѓу загинатите, неофицијалнојавуваат медиумите. Местото на настанот го обезбедува полицијата, а увидот е во тек.