Арапската лига упати повик до ОН за заштита на цивилите во Сирија

Претставникот на Арапската Лига Набил ал Араби изјави дека тој испратил писмо до Советот за Безбедност на ОН во кое упатил барање, да се преземат сите неопходни мерки за заштита на сирискиот народ. Ал Араби е во Доха, Катар, за да присуствува на средбата посветена на Сирија по минатонеделниот масакар врз 100 луѓе во Хола. Бурхан Галион претставникот на Националниот Совет на Сирија најголемата сириска опозициска група на средбата изјави дека тој подржува воена акција на Арапсаката лига за да се спречат нападите на владините сили врз бунотвниците и цивилите. На средбата во Доха присуствуваи Меѓународниот претставник Кофи Анан.