Денеска резултати од референдумот во Ирска

Денеска треба да бидат соопштени официјалните резултати од вчерашниот референдум за фискалниот пакт со кој треба да се воведат построги правила во еврозоната. За да влезе во сила во почетокот на 2013 година пактот треба да биде ратификуван од 12 од 17те членки на еврозоната. Досега тоа го сторија четири земји. Евентуалното отфрлање во Ирска би значело нов поттик на оние што се противат на острите мерки за штедење, како новиот француски претседател Франсоа Оланд кој за излез од кризата бара мерки за побрз економски развој.