Фридман се повлече од нафтената компанија ТНК – БП

Третиот по големина руски производител на сурова нафта ТНК – БП соопшти дека Михаил Фридман се повлекува од функциите извршен директор и претседател на бордот. За сега не се обелоденуваат причините за неговото заминување. Четириесет и осум годишниот Фридман минатата година се најде на листата на шеесетмината најбогати луѓе во светот на магазинот „Форбс“, со богатство проценето на 13 милијарди американски долари. ТНК – БП соопшти дека функцијата на Фридман за сега ќе ја превземат група директори.