Дванаесет луѓе убиени во источен Јемен

Сана - анти владини протести - архива

Најмалку 12 лица биле убиени при напад на бомбаш самоубиец кој со автомобил бомба се втурнал во маса луѓе во источен Јемен, соопштија силите за безбедност и племенските лидери.
Цел на денешниот напад биле шиитски бунтовници кои се собрале во близина на едно училиште во ал Хазм главен град на провинцијата Џавф.
Властите се сомневаат дека напаѓачот им припаѓал на група поврзана со Ал Каеда за која шиитите не се правоверни муслимани.