Груевски - Критиките на Стејт Департментот се стандардни

Стандардни критики што ги има и во минатите години. Ова е изјавата на македонскиот премиер Никола Груевски по објавувањето на извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во земјата, јавува Дојче Веле. По критиките за мешање на владата во судството и медиумите и гонење политички противници, Груевски вели дека тоа се стандардни предизвици што се јавуваат кај сите земји од регионот.
„Тоа на некој начин се стандарди критики кои што и во минатите години Стејт департментот ги дава за земјите од целиот регион. Ако ги прочитате извештаите од целиот регион ќе видите дека горе доле има едни стандарди предизвици. Ние работиме секојдневно на подобрување на сите делови кои што постојат предизвици и можности за подобрување и така ќе продолжиме и понатаму“, изјави премиерот Никола Груевски.