Прелиминарна истрага за нови обвиненија против Штрос Кан

Француските обвинители велат дека почнале прелиминарна истрага за случајот против поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос Кан, обвинет за групно силување на жена во Соединетите американски држави. Обвинителите велат дека инцидентот се случил во Вашингтон во декември 2010 година. Штрос Кан призна дека учествувал во неколку оргии во различни градови но тврди дека не знаел дека некои од девојките земале пари за да учествуваат. Претходно поранешниот шеф на ММФ се најде пред суд обвинет за обид за силување на собарка во хотел во Њујорк.