Полицијата во Татарстан под истрага за тортура

состанок на јавниот совет на татарстанската полиција

Властите во руската република Татарстан најавија истрага за повеќе пријавени случаи на тортура на осомничени од страна на полициските сили. Комитетот за истраги во земјата потврди дека ќе се води истрага но за сега не се знае против колку полицајци може да бидат покренати обвиненија. Еден од случаите е за наводно малтретирање на брачен пар осомничени з аубиство на постар роднина. Полицијата во главниот град Казан е под засилен надзор откако 52 годишен осомничен почина откако полицијата наводно го тепала и го силувала со винска флаша.