Нападнат бугарскиот амбасадор во Јемен

Бугарскиот амбасадор во Јемен е полесно повреден, откако маскирани вооружени лица вчера отвориле оган врз неговиот автомобил во главниот град Сана и се обиделе да го киднапираат. Борис Борисов за време на нападот бил со сопругата. Тројцата напаѓачи се обиделе да го извлечат надвор од возилото, но бугарскиот дипломат пружил отпор и продолжил да вози по што напаѓачите отвориле оган врз автомобилот. Борисов го повредил окото.