Протести во Шпанија

Близу 100.000 луѓе протестираа во Мадрид и уште неколку градови низ Шпанија во знак на незадоволство од економската состојба во земјата. Демонстрантите исто така носеа банери со пораки против банкарите на т.н. глобален ден за намалување на разликата меѓу богатите и сиромашните. Невработеноста во Шпанија стои на 24 проценти. Половина од младите во земјата се без работа а економијата е навлезена во рецесија.