Почина Драган Нешкоски, таткото на убиениот Мартин

Протести против полициската бруталност

Изутрината, почина таткото на покојниот Мартин Нешкоски, откако пред два дена во обид да си го одземе животот се напил солна киселина.
Животот на Драган Нешкоски со часови бил одржуван на апарати, на одделот за интензивно лекување во Скопје.Телото ќе биде предадено на обдукција на судска медицина.
Мартин Нешковски, како што е познато, беше убиен лани, на 6 јуни, поради прекумерна употреба на сила од страна на полицаецот Игор Спасов, кој беше осуден на 14 годишна затворска казна. Семејството на Нешковски бараше и командна одговорност.