Груевски испрати писмо до лидерите на НАТО

Премиерот Никола Груевски испрати писмо до лидерите на државите - членки на НАТО, во кое бара на агендата на самитот во Чикаго да се стави барањето за прием на Република Македонија. „ Она што создава чувство на непотполност е фактот, кој со жалење можам да го констатирам, дека во агендата не се предвидува дискусија по прашањето за проширување на Алијансата“ пишува Груевски. „ Констатација за нелегално попречување на нашето членство, и своевидна сатисфакција за неправдата која ни беше нанесена на самитот во Букурешт, се постигна со пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг од декември 2011 година, и со препораките од таа пресуда“ се наведува во дописот.