Протестот е демократско право, но за прашања кои се однесуваат на работата на судот не може да се искажува став низ таква форма; потребно е судот да се остави да донесе непристрасни одлуки согласно законите, изјави претседателот Ѓорге Иванов, коментирајќи ги најавените протести по повод акцијата „Монструм“ и петкратното убиство кај Смиљковци. Тој смета дека надлежните институции си ги вршат своите активности во рамки на своите надлежности. Воедно, упати апел „протестите да се во граница на јавна пристојност“.