Во Вашингтон средба Обама, Расмусен

генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама утре во Вашингтон ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, пред самитот на Алијансата во Чикаго. Во кусото соопштение се додава: ,,Двајцата лидери ќе дискутираат за финалните подготовки на самитот на НАТО чиј домаќин на 20 и 21 мај во Чикаго ќе биде претседателот Обама.,, На состанокот ќе доминира Авганистан, односно конечните детали за повлекувањето на Алијансата од таа земја до 2014 година. НАТО во Авганистан има распоредено околу 130 илјади војници.