Самарас ќе има три дена да формира коалициска влада

Грчкиот претседател Каролос Папуљас попладнево ќе се сретне со лидерот на Нова демократија Антонис Самарас од кого ќе побара да формира коалициска влада. Папуљас претходно ќе се сретне со премиерот во заминување Лукас Пападимос и со досегашниот претседател на Парламентот Филипос Петсалникос кој официјално ќе го информира за изборните резултати. Мандатот што ќе го добие Самарас да формира Влада е валиден три дена. Ако Самарас не успее да го креира новиот владин состав, Папуљас тоа ќе го побара од лидерот на второпласираната партија Алексис Ципрас од Сириза, а ако и тој не успее, мандатот го добива Пасок. Крајниот рок за оваа активност е 17 мај.