Загриженост од ЕУ за Тимошенко

Шефот за надворешна политика на Европската унија кетрин Ештон изрази загриженост за ситуацијата со поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко, која во затвор штрајкува со глад, наводно поради тоа што ја малтретирале стражарите. Ештон побара од украинските власти да дозволат посета на европски амбасадор заедно со лекарска екипа, што би било „показател на политичка воља за разјаснување на ситуацијата“. Тимошенко отслужува седумгодишна затворска казна, обвинета за злоупотреба на службената должност. Германскиот претседател Јоаким Гаук ја откажа планираната посета на Украина поради ситуацијата со екс-премиерот.