Заедничка изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД за убиството кај Смиљковци

Протестите по убиството кај Смиљковци

Шефовите на мисиите на Европската унија, НАТО, ОБСЕ и на САД во Македонија денеска заеднички го осудија убиството кај Смиљковци и изразија сочувство до семејствата на жртвите. Тие соопштија дека ги поддржуваат напорите на владата во спроведувањето на истрагата и ги повикаа сите граѓани да останат смирени, да се воздржат од шпекулации или неосновани тврдења, како и да покажат трпение за истражниот процес.
Според нив, кога грѓаните се вклучуваат во насилство или се обидуваат да го земат законот во свои раце, тоа ја оддалечува полицијата од истрагата и го отежнува пронаоѓањето на убијците.