Во Скопје мирно, жалост во општина Бутел


Знамињата пред административната зграда на општина Бутел денеска се симнати на половина копје во знак на жалост поради убиството на четирите момчиња од Радишани и на 45-годишниот маж од село Црешево. Нивните тела беа пронајдени во четвртокот вечерта кај езерото во близина на село Смилковци. Полицијата е мобилизирана и интензивно работи врз откривањето на сторителите на овој грозоморен чин. За денеска е најавена прес конференција на полицискиот оперативен штаб на која се очекуваат повеќе детали за овој инцидент. МВР, политичките партии во земјата и меѓународните субјекти повикаа на воздржаност и смиреност.