Платини со критика за високите цени во Полска пред Еуро 2012

Шефот на УЕФА Мишел Платини

Шефот на УЕФА Мишел Платини упати критика до хотелиерите во Укрина за зголемувањето на цените пред одржувањето на европското фудбалско првенство во земјата. Украина заедно со Полска е домаќин на првенството во јуни. Платини изјави дека некои хотели не ги почитувале веќе договорените цени за сместување, а некои ги зголемиле и за десет пати.
Украинскиот вицепремиер Борис Колесников вети дека ќе преземе акција во наредните 30 дена за да го реши проблемот.