Индонезија издаде предупредување за маожно цунами во регионот околу Индиски Океан откако денеска беше регистриран силен земјотрес од 8,7 степени во океанот, северно од провинцијата Ачех. Земјотресот бил почувствуван и во Сингапур, Тајланд, Малезија и Индија. Предупредување за цунами издаде и Индија, соопштувајки дека се можни бранови од 6 метри. Во цунамито во декември 2004-та, што го погоди тој регион, загинаа над 230.000 луѓе, од кои 170.000 во Ачех.