Груевски е задоволен од акцијата „Детонатор“

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека акцијата „Детонатор“ е потврда дека Владата е насочена кон сериозна борба против криминалот и корупцијата на неселективна база. Тој додаде дека во Македонија не може некој да очекува оти ако е близок на некого или на некоја политичка партија или поединец дека ќе биде заштитен доколку прави криминал, корупција и за тоа се обезбедат докази. Груевски изјави дека акцијата не е целосна завршена и дека за таа цел присутни се екипи од организиран криминал и јавна безбедност во Кочани и во целиот регион за, како што вели, да се докомплетира, односно целосно да се разобличи оваа рекетарска група, која го тероризирала населението претежно во источниот дел на земјата.